Рајо демантира трансфер на Димитриевски, се огласи и македонскиот голман

Иако вчера повеќемина шпански медиуми, меѓу кои и оние реномираните излегоа со информација дека во следните денови Столе Димитриевски ќе го комплетира трансферот во Барселона, сепак, од таборот на Рајо Валјекано демантираат, а потоа со реакција се јави и самиот Димитриевски.

Од екипата истакнуваат дека нема никаков договор со Барселона за трансфер на Димитриевски, и немаат намера да го продадат голманот во јануарскиот преоден рок.

Димитриевски, пак, за шпанските медиуми истакна дека е целосно фокусиран на игрите на Рајо.

„Фокусиран сум кон мечевите со Рајо, само тоа ме интересира. Сите сакаме да играме во голем тим, но немам информација за понуда од Барселона. Фокусиран сум и смирен, посветен целосно на работата. Среќен сум во Рајо и сакам да му помогнам на клубот да биде на врвот“, рече Димитриевски.

Тој напомена дека на мечот со Бетис не бил на голот поради ситна повреда.

Се вчитува...