Рајо го даде третиот голман, Димитриевски сега останува?

Голманот на Рајо Валјекано, Иван Арболеда оди во Њуелс Олд Бојс од Аргентина. Тој ќе замина на позајмица до крајот на сезоната, а тоа значи дека Столе Димитриевски и дефинитивно останува во тимот на Рајо најмалку до крајот на сезоната, пишуваат шпанските медиуми.

Арболеда не доби шанса во Рајо, со огле дека голот го чуваа Димитриевски и Зидан, па така 25-годишниот голман од Колумбија сега ќе брани во Аргентина.

Димитриевски беше поврзуван со трансфер со Барселона, а официјална понуда имаше од Ал Наср од Саудиска Арабија. 3,5 милиони наводно беше понудата од Ал Наср, меѓутоа беше одбиена од Рајо. Па така сега Димитриевски е блиску до останување до Рајо барем до крајот на сезоната, а потоа ќе бара нова можност за трансфер.

Се вчитува...