Рајо и Димитриевски се спасија од пораз, на крај се задоволија само со реми против Валенсија (ВИДЕО)

Рајо Валјекано и Столе Димитриевски ја продолжуваат серијата без победа во Ла Лига, а овојпат одиграа само реми против Валенсија во рамки на 31. коло (1-1).

Во првото полувреме дуелот беше во целост рамноправен. Постојано се играше на средината на теренот, а шанси за гол речиси и да немаше. На пауза се замина со пoчeтниот резултат, 0-0.

Карлос Солер го отвори второто полувреме совладувајќи го македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, донесувајќи водство на Валенсија од 0-1. По ваквата негатива, фудбалерите на Рајо тргнаа на се’ или ништо, а ваката офанзива ја оправда Серхио Гвардиола, кој во 83. минута постигна гол за 1-1.

Овој резутлат се покажа и како конечен. По ова реми Валенсија има 42. бода и се наоѓа на 9-та позиција, додека Столе и соиграчите со 34. поени се сместени на 13-та позиција во Ла Лига.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...