Рајо ја одби понудата од Ал Наср за Димитриевски, се чека на Барселона

Откако стигна веста дека Ал Наср од Саудиска Арабија со 3,5 милиони евра сака да го купи голманот Столе Димитриевски, стигна информација дека оваа понуда е одбиена и дека македонскиот голман нема да оди во овој клуб.

Понудата изнесувала 3,6 милиони, но истата била експресно одбиена. Македонскиот голман и натаму е поблиску до преселба на „Ноу Камп“. Се очекува трансферот да биде реализиран во следните неколку дена, откако Барса вчера беше елиминирана од Супер-Купот на Шпанија. Според информациите, сите детали се веќе договорени, се очекува само продажба на Нето во Фламенго, за да се отвори вратата на Димитриевски.

Од друга страна, Рајо се ослободи од својот трет голман. Станува збора за Иван Арболеда, колумбиски чувар на мрежата кој не забележа ниту еден настап. Тој ќе биде нов голман на Њу Олд Бојс. Ако замине и Димитриевски, тогаш ќе мора да ангажира нов чувар на мрежата, со оглед дека ќе остане само на Лука Зидан.

Се вчитува...