Рајо ја одбил и втората понуда за Димитриевски, но Ал-Наср подготвува сума која не се одбива?

Рајо Валјекано наводно ја одбил и втората понуда од Ал Наср за услугите на Столе Димитриевски, велат информациите од Шпанија. Ал-Наср е силно заинтересиран да го донесе македонскиот голман во своите редови, меѓутоа засега тоа не му успева.

Втората понуда била подобра од првата, меѓутоа сега се подготвува и трета. Според информациите, тимот на Ал-Наср подготвува трета понуда која Рајо тешко дека ќе ја одбие. А, таа е 10 милиони евра за обесштетување, цифра која што е повисока од барањата на тимот од Мадрид и сума која тешко ќе биде одбиена.

Засега се се сведува на шпекулација околу можносот заминување на Димитриевски. Тој денеска не е е во составот на Рајо за купот против Жирона, наводно поради повреда на тетивата.

Се вчитува...