Рајо одби понуди од 4,5 милиони евра за Димитриевски од Еспањол и Севилја

Рајо Ваљекано не планира да го продаде македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за сума помала од 6 милиони евра. Така барем може да се заклучи од одбивањето на последните две понуди од Еспањол и од Севилја.

Добро е познато дека Димитриевски сака да брани во Примера, но последниот збор околу неговото ослободување секако го има Рајо Ваљекано.

Како што пренесува „Марка“, Еспањол испратил понуда во вкупна висина од 4,5 милиони евра, со основа од три милиони евра и дополнителни бонуси за да го откупи договорот на Димитриевски. Но, Рајо сето тоа го одбил.

Веднаш била одбиена и понудата од Севилја официјално пристигната во клубот во висина од 2,5 милиони евра.

Се вчитува...