Рајо сака да го задржи Столе Димитриевски, но…

По завршувањето на сезоната во Шпанија, Рајо Валјекано го средува играчкиот кадар за следната сезона. Македонскиот голман Столе Димитриевски е засега сигурен меѓу трите голмани, а тоа значи дека и следната сезона Димитриевски би бил број 1 во тимот на Рајо.

Димитриевски има договор уште две години, и Рајо би го задржал и во следната сезона, меѓутоа се ќе зависи од понудите. Голманот призна дека зимоска бил пред трансфер во Барселона, но дека пропаднал во последен момент, поради тоа што резервниот голман Нето одбил да замине од клубот.

Дека Рајо смета на Димитриевски и следната сезона, кажвуа фактот дека другите голмани ќе си заминат од клубот. Лука Зидан ќе бара поголема минутажа во друг тим, додека Иван Арболеда се сели во Аргентина.

Само некоја добра понуда може да го остави Рајо без Димитриевски, кој беше еден од заслужните за добрата сезона на Рајо, во која во првиот дел од сезоната беше дури и во битка за Европа, но во пролетниот дел следуваше мал пад, но она што беше поставено како цел пред сезоната е остварено, а тоа е опстанокот во Ла Лига.

Се вчитува...