Рајо се согласил на отштета од 10 милиони евра: Димитриевски потпишува за Ал Наср!

Шпанскиот Рајо Валјекано ја прифатил третата понуда од саудиски Ал Наср за услугите на Столе Димитриевски, па според информациите од Шпанија, македонскиот репрезентативен голман наредниве денови треба да го официјализира својот трансфер на Блискиот Исток.

Според последните информации, Рајо Валјекано се согласил да ја прифати отштетата од 10 милиони евра која Ал Наср ја понудил за услугите на Димитриевски. Остануваат уште да бидат финализирани некои детали пред трансферот да биде официјализиран.

Како што е познато, од претходно беше познато дека Димитриевски ги усогласил личните услови со Ал Наср. Трансферот беше во очекување, па поради тоа македонскиот голман изминатиов период не беше во составот на Рајо Валјекано, и покрај тоа што од клубот постојано истакнуваа дека отсуствува поради повреда.

 

Се вчитува...