Рајо Ваљекано одбил понуда од Бетис од 15 милиони евра за Димитриевски и Морено

Рајо Ваљекано не сака да се откаже од услугите на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски без разлика на преселбата во Втората шпанска лига.

Рајо одбил понуда од членот на Ла Лига, Бетис во висина од 15 милиони евра за пакет откуп на договорите на Столе Димитриевски и неговиот соиграч, крилниот офанзивец Алекс Морено. На тој начин јасно е дадено до знаење дека тимот не планира „раситнување“ на составот воден од амбициите за брзо враќање во Ла Лига.

Столе Димитриевски на почетокот од минатата сезона се пресели во Рајо Ваљекано од редовите на Гимнастик. Претходно настапуваше и за Гранада каде пристигна од Работнички.

Се вчитува...