Рајола нуди супер засилувања: Де Лихт, Погба и Халанд за револуција во Реал Мадрид

Фудбалот е комплетно прекинат, светот се бори со пандемијата на коронавирусот, а Флорентино Перез размислува како во овој тежок период да направи револуција со неколку засилувања. Пристигна понуда од еден од најпознатите фудбалски агенти Мино Рајола за неверојатно трио кое би можело од следната сезона да игра на „Сантијаго Бернабеу“. Французинот Пол Погба веќе подолг период е во фокусот на „кралскиот клуб“, а понудата содржи фантастично засилување и на останатите две линии во тимот, Матијс де Лихт во дефанзивата и Ерлинг Халанд во нападот. Со вакви засилувања, Зинедин Зидан би имал на располагање супер тим.

„Имам одлични односи со Реал Мадрид. Сега го имам Ареола кој е всушност позајмен играч, но подготвуваме навистина големи зделки. За секој фудбалер е гордост да игра за Реал Мадрид, а агентите се тука да ги олеснат преговорите“, изјави Мино Рајола.

За триото на Рајола да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ ќе бидат потребни многу пари. Јувентус не сака лесно да се откаже од Холанѓанецот Матијс де Лихт кој не се снајде најдобро првата сезона во Торино, па одреди отштета од неверојатни 150 милиони евра. Тоа секако е преголема сума која Мино Рајола и Реал Мадрид ќе се обидат да ја спуштат. Ерлинг Халанд има отштетна клаузула од 70 милиони евра за да замине од Борусија Дортмунд но следното лето, а вредноста на Пол Погба е околу 80 милиони евра.

На Флорентино Перез ќе му бидат потребни повеќе од 250 милиони евра за да го реализира планот. Повеќе од една третина од оваа сума би можела да се обезбеди со евентуална продажба на Герет Бејл и на Хамес Родригез.

Се вчитува...