Рајола во Милано на преговори за Ибрахимовиќ?

Златан Ибрахимовиќ може само после една сезона да ја напушти американската МЛС лига и екипата на ЛА Галакси и да се врати во Европа.

Шпекулациите за враќањето неговото во Европа се интензивираа по веста дека неговиот менаџер Мино Рајола престојува во Милано и денеска има состанок со претставниците на Милан кој пак е заинтересиран да го има Ибрахимовиќ во своите редови.

Според италијанските медиуми, прва причина за доаѓањето на Рајола во Милано е поддршка за Џакомо Бонавентура кој доживеа тешка повреда, но попатно ќе бидат направени и преговорите за евентуално враќање на Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.

Ако се реализира трансферот, тогаш Златан Ибрахимовиќ повторно ќе го облече дресот на „росонерите“ после девет години. Шведскиот напаѓач настапуваше за Милан во периодот од 2010 до 2012 година и во овие две сезони одигра 85 натпревари, постигнувајќи 56 гола.

Се вчитува...