Рајс: Очекувам непријателска атмосфера од трибините

Фудбалерите на Англија утре против Македонија се надеваат дека ќе ја завршат годината со победа. Англија е веќе пласирана на Европското првенство, но најави дека во Скопје ќе оди на нова победа.

Деклан Рајс, играчот од средниот ред на англиската репрезентација кој стана најскапиот играч во Премиерлигата изминатото лето, сосема изненадувачки кажа дека очекува непријателска атмосфера од трибините.

„Во Манчестер селекцијата на Македонија не беше на ниво, можеби утре ќе се сменат работите. Утре очекувам тие да одиграат далеку подобро, но мора малку да ја кренеме нашата игра од мечот со Малта. Се надеваме дека годината ќе ја завршиме со победа, но мора да излеземе психички подготвени бидејќи очекувам непријателска атмосфера од трибините“, изјави Рајс на прес-конференцијата во Скопје.

Се вчитува...