Деклан Рајс одигра уште еден одличен натпревар за, постигнувајќи гол и асистенција во спектакуларната победа од 6-4 над Франнција во дуелот за третото место на СП 2026.
Асот на Арсенал не крие дека е импресиониран од квалитетот што го поседува англискиот состав, потенцирајќи дека е време оваа селекција конечно да направи чекор наред.
„Ова е најдобрата група на играчи, најдобриот тим што Англија го имала долго, долго време наназад. Тоа е факт што никој не може д ани го одземе. Мислам дека како екипа можеме да бидеме горди на многу работи, единствено што не боли е тој пораз во полуфиналето. Жедни сме за успеси, доста ни е од тоа да бидеме горди на пласмани во полуфиналиња и четвртфиналиња, сакам да победуваме со Англија, да освојуваме трофеи. Третото место на овој турнир е успех, иако сакавме повеќе… Искрено, многу сме блиску, последните години многу се говореше за неуспесите на оваа генерација. Имаше полуфиналиња, четвртфиналиња, финале… мислам дека мораме да продолжиме, верувам дека сме блиску. На вакви турнири решаваат детали, ние во тоа полуфинале загубивме поради детали, но не смееме да се откажеме“, истакна Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
