Ракип: Чест е да настапуваш за Македонија…, оваа репрезентација може далеку, но потребно е време и мора да имаме трпение

Фудбалската репрезентација на Македонија за престојните дуели од квалификациите за СП 2022 ќе биде засилена за фудбалерот на Малме, Ердал Ракип чие деби за „црвено-жолтиот“ дрес ќе биде на дуелот против Лихтенштајн.

Дваесетипет годишникот во минатото беше незаменлив дел од младите репрезентации на Шведска, но откако не доби можност за настап во сениорската селекција на оваа скандинавската земја се одлучи да го прифати повикот на селекторот Благоја Милевски и да го облече македонскиот дрес.

„Прв пат пред две-три години ми беше понудено да играм за Македонија. Тогаш ми требаше малку време да размислам, но веднаш знаев дека понудата за мене е голема чест. Проценив дека сега е вистинскиот момент за мене да прифатам. Се консултирав со моето семејство и не ми беше тешко да ја прифатам понудата бидејќи тука е мојот дом, моето семејство потекнува од Македонија и воопшто не ми беше тешко да се решам да играм за Македонија“, изјави Ракип за МРТ.

Ракип говореше и за адаптацијата со македонската репрезентација за која вели дека од ден во ден е се полесна.

„Со адаптацијата во Македонија најмногу ми помагаат соиграчите и селекторот. Ми беше малку тешко првиот ден, но веќе во вториот почнавме подобро да комуницираме. Ги гледам последните натпревари на Македонија. Оваа репрезетнација игра добар фудбал, има многу млади играчи кои формираат една добра екипа. Јас лично според возраста се сметам да постар играч, не сум толку млад, имам 25 години и сметам дека во наредните години ќе имаме многу добра репрезентација. Почнавме да се склопуваме. Мислам дека не ми е дададена голема обврска во екипата, а на крајот на денот сите заедно сме одговорни за резултатот. Се обидувам полека да се вклопам во екипата без наметнување туку улогата да си дојде сама по себе“

Фокуот на Ракип и македонската репрезентација е на првиот натпревар против Лихтенштајн, а шанса за победа новиот репрезентативец гледа и на вториот дуел од овој циклус кога во Скопје гостува Германија.

„Секоја средба на зелениот терен е тешка, би требало да издвојуваме победа против екипата на Лихтенштајн. Потоа не чека многу тешка пресметка против Германија дома, но ние имаме добри играчи и шанси за победа како онаа од 2-1 на гости. Во фудбалот секогаш има шанси за победа, но треба да се игра 100 отстотно и да нема грешки во играта. Да оставиме времето да покаже. Сега сме целосно фокусрани на Лихтенштајн. Чекор по чекор треба да одиме и да се научиме да посакуваме победи“

Од септемвриските квалификации „црвено-жолтите“ не можат да сметаат на легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев, но сега на зелениот терен се нови „деца“ кои треба да го наледат струмичанецот.

„Пандев беше многу добар играч, но тој замина во пензија. Сега доаѓаат нови играчи и сегашната млада екипа, може и порано, но сигурно за пет до десет години ќе биде многу подобра. Секоја наредна година репрезентација ќе покажува се подобра игра. Ништо не доаѓа веднаш, треба да се има трпение“, завршува Ракип.

Се вчитува...