Ракип и Малме убедливо поразени од Зенит, Аталанта минимално со Јанг Бојс (ВИДЕО)

Новиот македонски репрезентативец, Екдал Ракип и неговиот Малме доживеаја убедлив пораз на гостувањето во Санкт Петерсбург кај Зенит со 4-0.

Стрелци на головите за рускиот тим беа Клаудињо, Кузјаев, Сутормин, Вендел. За издвојување е и директниот црвен картон кој го доби фудабалерот на Швеѓаните, Ахмедхоџиќ.

Екдал Ракип беше стартер за Малме и одигра 55. минути.

Матео Песина со гол во 68. минута донесе три бода за Аталанта во мечот против Јанг Бојс.

 

 

Се вчитува...