Ракип: Многу не потценуваат, но верувајте да играме против Шведска шансите се 50-50

Фудбалската репрезентација на Македонија го чека противникот во баражот за пласман на Светското првеснтво во Катар 2022 година. Португалија, Италија, Шведска, Русија, Велс и Шкотска се можните противници за „црвено-жолтите“ во првата рунда од баражот.

Ердал Ракип кој токму израсна во Шведска и беше дел од младинските репрезентации на оваа држава говореше дека Македонија има убава шанса да го помине баражот и да се пласира на Светското првенство. Тој на Швеѓаните им порача дека доколку се падне Шведска за противник тој натпревар ќе биде „50-50“.

„Во баражот има многу добри селекции, ама мислам дека баш забавно би било да се сретнеме со Шведска. Не би рекол дека тоа би било ждрепка од соништата, ако играме со Шведска, зашто сите селекции имаа одлични настапи во своите групи и неважно е кого ќе добиете. Јасно е дека секој би сакал да ја избегне Италија или Португалија, кои се најтешки противници, па затоа не може да кажете „идеална“ ждрепка би била Шведска, ама би била секако подобра одошто да ја добиете Италија или ПортугалијаАко по некоја случајност ни падне Шведска, шансите ќе бидат 50-50, иако ќе се игра во Шведска. Се ќе зависи од тоа кој ќе има подобар ден и кој подобро ќе ја заврши својата работа на теренот, а тоа е максимална концентрација во текот на целиот меч“, изјави Ракип. 

Се вчитува...