Ракип во Малме со нова улога, тренерот задоволен

Македонскиот репрезентативец и член на Малме, Ердал Ракип доби нова улога во шведскиот шампион. Тој под палката на новиот тренер Милош Милојевиќ (го замени Џон Дал Томасон), има нова улога во средниот ред.

Ако сега беше класичен централен играч за врска, сега Србинот го игра повеќе во дефанзивниот дел од средниот ред. Милојевиќ е задоволен од тоа што го покажува Ракип.

„Освојува топки во средниот ред, но има слобода и во офанзива. Убаво се снаоѓа на тренинзите на таа улога, така што останува само да продолжи“, рече Милојевиќ.

Малме одигра тренинг натпревар, и Ракип беше во дефанзивниот дел, но и покрај тоа имаше и една асистенција во победата од 2-0.

Со оглед што во баражот против Италија ќе го нема Тихомир Костадинов, тогаш токму Ракип би можел да биде еден од конкурентите за дефанзивниот дел од средниот ред, иако тука се уште и Адеми, Спировски, Николов…

Се вчитува...