Ракитиќ се отвори: Дали Видал играше само затоа што е пријател со Меси? Некои работи не ги разбирав…

Иван Ракитиќ по шест години ја напушти Барселона и се врати во Севилја, клубот од кој во 2014 година пристигна во Каталонија.

„Дојде време за заминување од Барселона, и тоа е тоа. Најважно е сите три страни да се задоволни од овој трансфер. Јас сум среќен“ – истакна Ракитиќ на промоцијата во Севилја, притоа отворајќи и некои теми поврзи со Барселона.

„Точно е дека последните сезони паднав во втор план. Дали Видал играше повеќе затоа што е пријател со Меси? Не знам за тоа… Имаше некои одлуки кои беа неразбирливи за мене, но морав да ги прифатам затоа што сум професионалец. Иако имаше работи кои ме револтираа“ – вели Ракитиќ.

А, околу заминувањето на Меси од Барселона…

„Не знам дали ќе се случи. Дека сака да замине дознав од медиумите. Не можам да кажам дека сум најдобар пријател со Меси, но секогаш имал добар однос со мене“.

Се вчитува...