Ракитиќ се прости од Барселона – „Заминувам среќен“

Иван Ракитиќ се врати во Севилја, по шестгодишната авантура во Барселона. Клубот од Андалузија за хрватскиот интернационалец на Барса и плати скромни 1,5 милиони евра, а останатите девет би требало да бидат исплатени преку различни бонуси.

„Се надевам дека ќе ме паметат како нормален човек. Се надевам дека ќе го ценат трудот и сето тоа што го оставив овие години за дресот. Не мислам дека имав лоши последни години. Мислам дека најдобра сезона ми беше пред две години и покрај испаѓањето од Ливерпул во Лигата на шампионите. Нема лошо чувство бидејќи ми беше убаво сите овие години, заминувам среќен од Барселона“, изјави Ракитиќ.

 

Се вчитува...