Севилја во среда од 21 часот против Рома ќе си ги одмери силите во финалето од Лига Европа. Шпанскиот тим има неверојатна сезона во кој во еден момент се наоѓаше и во опасната зона во Ла Лига, но успеа да ги надмине проблемите, да обезбеди опстанок и да дојде до прилика да се бори за трофеј.
Најискиниот фудбалер во составот Иван Ракитиќ пред средбата со „волчицата“ говореше за предизвикот кој претстои, а се осврна и кон тешката сезона.
„Среќни сме што повторно сме во финале, а во него влегуваме мирно. Сакаме да го освоиме трофејот, но одиме чекор по чекор со цел да уживме со секој момент. Атмосферата во тимот е позитивна и мора да остане таква за да го пречекаме предизвикот како група. Сите мораме да дадеме сто отсто за победа. По ваква сезона некој за нас треба да направи филм“, вели Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА