Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ ова лето би можел да ги промени клупските бои во изненадувачки трансфер, пренесуваат шпанските медиуми. За фудбалерот на Севилја постои интерес од турски Бешикташ кој веќе ги започнал преговорите за трансфер.
Ракитиќ неодмна изјави дека е среќен во Севилја и сака во Андалузија да ја заврши кариерата, но плановите може да ги поремети големата сума на пари кои Турците сакаат да ја издвојат за неговите услуги и двогодишниот договор наспроти важечкиот со Севилја кој трае до крајот на следната сезона.
Имено, Бешикташ е подготвен да му даде на Хрватот плата од два и пол милиони евра годишно и дополнително 1.8 милиони ера како бонус за потпис на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА