Ракитиќ заминува во јануари, Интер и Јуве на готовс

Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ во зимскиот преоден рок ќе ја напушти Барселона. По ангажманот на Френки де Јонг, неговата улога во тимот е маргинализирана и тој има намера да си побара нова фудбалска средина каде ќе добие многу поголема минутажа. Хрватот гледа кон Серија А и за него се заинтересирани Интер и Јувентус.

„Нероаѕурите“ се обидоа да го доведат Ракитиќ и изминатото лето, но тој одлучи да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за место во составот. Сепак, имаше само шест настапи досега што е јасна порака од тренерот Ернесто Валверде дека Де Јонг ќе биде фаворизиран. Оттаму и одлуката на Ракитиќ да замине во следниот преоден рок.

Барселона за него ќе бара отштета од 40 милиони евра со оглед дека има актуелен договор до 2021 година, а Интер и Јувентус се подготвуваат за финална трка за ангажман на Хрватот.

Се вчитува...