„Ракомет без публика, тоа нема да личи на ништо“

Шефот на стручниот штаб на Веспрем, Давид Дејвис, не го крие разочарувањето што новата сезона ќе биде стартувана без присуство на публика на трибините. Се уште е неизвесно кога и дали воопшто ракометните фанови ќе можат да гледаат натпревари во живо, а Веспрем е еден од тимовите (заедно со Вардар) што вообичаено имаше огромна поддршка од трибините.

„Следната сезона ќе биде тест за сите, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Она што мене ме разочарува е што ќе играме во празни сали, што е незамисливо. Ракомет без публика, тоа нема да личи на ништо. Навивачите имаат значајна улога во успехот на тимот, особено на домашните натпревари. Во празна сала, тие нема да можат да им дадат дополнителна енергија на ракометарите, кои побрзо ќе се преморуваат. Сосема ќе биде неважно дали играш дома или на гостински терен кога нема кој да те бодри на трибините“, изјави Дејвис во интервју за унгарските медиуми.

Веспрем, во чии редови настапува и Дејан Манасков, е дел од групата Б од Лигата на Шампионите заедно со Барселона, Нант, Загреб, Целје, Кил, Алборг и Мотор.

Се вчитува...