РАКОМЕТ – ЛОИ: Данска и Шведска остануваат максимални

Актуелниот олимписки шампион Данска останува максимална на турнирот во Токио, откако во третото коло лесно славеше над Бахраин со 31-21. Данците уште на полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот откако имаа плус пет 12-7.

До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 31-21. Гидсел и Хансе постигнаа по шест гола во победничкиот табор, додека кај поразените Ал-Макаби заврши со пет.

До третата победа на турнирот стигна и Шведска која ја совлада Португалија со 29-28. Швеѓаните во финишот имаа предност од 29-25, по што Португалија на крајот успеа само да стигне до минимален пораз. Прво име кај победниот беше Лагерген со осум гола, додека кај Португалија по шест постигнаа Гомеш, Соареш и Соуза.

Се вчитува...