РАКОМЕТ – ЛОИ: Французите ја „преслушаа“ и Шпанија

Франција останува максимална на машкиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Токио, откако во мечот меѓу двете непоразени селекции во А групата славеше лесно против Шпанија со 37-31.

„Триколорите“ уште од самиот старт почнаа фуриозно и на полувреме заминаа со предност од плус шест 18-12. Најмногу што направија Шпанците во вториот дел е тоа што намалија на минус три 19-16, но тоа беше се од „црвената фурија“.

До крајот Французите пак заиграа на високо ниво и стигнаа до конечен триумф од 37-31. Недим Ремили со девет гола беше најефикасен поединец во победничкиот табор, додека кај поразените Алекс Дујшебаев заврши со пет.

Во претходните два натпревари од денешната понуда во јужноамериканското дерби Бразил ја совлада Аргентина со 25-23, додека во азиското дерби Бахраин беше подобар од Јапонија со 32-30.

Се вчитува...