РАКОМЕТ – ЛОИ: Германија лесно до победа против Бразил

Ракометарите на Германија стигнаа до третата победа во групната фаза на Олимписките игри во Токио откако славеа над Бразил со 29-25. Германците беа подобриот противник на денешниот меч со што ја потврдија фаворитската улога и стигнаа до нова победа.

По изедначениот натпревар во поголемиот дел од првото полувреме, Германија работите ги зема во свои раце. Бразилците имаа предност од 11-12, но следеше серија од 5-0 на Германија за водство од 16-12 на полувремето.

Германците продолжија во истото темпо и во второто полувреме во кое стигнаа и до +7 (21-14) со што ставија крај на надежите на Бразил за втора победа на натпреварувањето. Искусните Германци до крајот го контролираа натпреварот и не дозволија враќање на противникот.

Вајнхолд и Кнор беа први стрелци за Германија со по шест гола, додека Фереира ги предводеше Бразилците со седум погодоци.

Се вчитува...