РАКОМЕТ – ЛОИ: Норвешка и го нанесе првиот пораз на Франција

Норвешка прва го најде решението за Франција на Олимписките игри во Токио. Норвежаните одиграа одличен натпревар, беа подобри од Французите во клучните моменти од натпреварот и сосема заслужено славеа со 32-29 во мечот кој го судеа македонските судии Начевски и Николов.

По изедначениот почеток на натпревар Норвешка прва ја превзема иницијативата. При резултат 9-9, Норвежаните направија серија од 4-0 со што се одлепија на 13-9. Меѓутоа водството на норвешките ракометари не траеше долго бидејќи Франција навремено ги консолидираше своите редови и веќе до полувремето изедначи на 15-15.

Второто полувреме беше како пресликано од првите 30. минути. По играта „гол за гол“, Норвешка повторно направија серија од 4-1 и поведе со 23-21, по што Французите повторно се консолидираа и возвратија со своја серија и поведоа со 23-24, но немаа сили за продолжување на истата. Норвешка ја превзема иницијативата, одигра подобро на двата дела од паркетот и стигна до +3 (30-27) во последните минути и ја осиугра победата.

Сагосен со осум погодоци беше предводник на Норвешка, додека него го следеа Гуликсен, Мирол, О’Саливен и Рејкинд со по четири гола. Карабатиќ и Дешат беа први имиња во Франција со по пет погодоци.

Се вчитува...