РАКОМЕТ – ЛОИ: Норвешка во второто полувреме го урна отпорот на Аргентина, Египет рутински со Јапонија

Норвешка стигна до втората победа на ракометниот турнир на игрите во Токио, откако славеше над Аргентина со 27-23 Аргентина пружи одличен отпор во првото полувреме каде Норвежаните заминаа само со минимална предност од 13-12.

Сепак, во вториот дел скандинавците одиграа на своите можности и на крајот стигнаа до триумф од 27-23. Сагосен со седум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај Аргентина, Пизаро и Симоне завршија со по пет.

Претходно Египет без проблеми славеше над домаќинот Јапонија со 33-29.

 

Се вчитува...