РАКОМЕТ – ЛОИ: Русинките стигнаа до првата победа во Токио

Руската женска ракометна репрезентација стигна до првата победа на олимпискиот турнир откако во 3. коло славеше над Унгарија со 38-31. Русинките уште во првото полувреме ги решија дилемите околу победникот, откако го добија со 22-17.

Во вториот дел само рутински ја привршија работата за конечни 38-31. Дмитриева со седум гола беше најефикасна во победничкиот табор, додека на Унгарија не и помогнаа ниту деветте гола кои ги постигна Клујбер.

 

Се вчитува...