РАКОМЕТ – ЛОИ: Шпанија им се врати на победите, Бахраин е во четвртфиналето

Ракометната селекција на Шпанија по поразот од Франција експресно им се врати на победите пред следната фаза од натпреварувањето, совладувајќи ја Аргентина со 36-27. Шпанците новите два бода ги најавија уште од самиот почеток на натпреварот, а веќе на полувремето имаа предност од пет гола (17-12). Добрата игра продолжи и во второто полувреме за зголемување на водството.

Претходно во трилер завршница Јапонија славеше над Португларија со 31-30 со што стигна до првата победа на ЛОИ во Токио, додека и покрај поразот од Египет од 30-20, Бахраин го осигура своето место во четвртфиналето поради поради подобрата гол разлика во меѓусебните дуели против Португалија и Јапонија.

Се вчитува...