Ракометар на Веспрем е позитивен на Ковид-19

Еден ракометар на европскиот првак Веспрем е позитивен на Ковид-19, потврди раководството на унгарскиот гигант, за кој настапува и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков. Веспрем во текот на вчерашниот ден донесе одлука да ги распушти странските ракометари, дозволувајќи им да се вратат во татковината, но само откако ќе направат нов тест за коронавирус. Неочекувано, еден од тестовите бил позитивен.

„На барање на ракоемтароте, неговото име не се објавува во јавноста. Она што можеме да го кажеме е дека не чувствува никакви симптоми, но заедно со своето семејство ќе остане во домот во Веспрем во двонеделна изолација. За нив се грижат соиграчите и клупскиот персонал“, објави Веспрем.

Унгарскиот шампионат и официјално беше прекинат, но доколку биде донесена одлука за продолжување на Лигата на шампионите, Веспрем дополнително ќе ги врати странците назад во клубот, за подготовки за борбата за европската ракометна круна.

Се вчитува...