Ракометарите домаќини на Грција во Струмица

Салата „Парк“ во Струмица ќе биде локацијата во која македонската ракометна репрезентација ќе ја пречека Грција во последното коло од квалификациите за ЕП 2020.

Иако претходно беше најавувано дека планот е по слабата организација на дуелот со Турција во Битола, преостанатите домашни средби да се играат во Скопје, сепак челниците на Ракометната Федерација на Македонија го променија ставот и решија дуелот со јужниот сосед да го играме во Струмица.

За потсетување, првиот меч меѓу овие две селекции беше одигран во Кожани, каде Македонија неочекувано претрпе пораз. Сепак, трите освоени бода во двомечот со Исланд ја врати нашата национална селекција на првото место во групата, па сега за да се задржат на врвот избраниците на селекторот Брестовац ќе треба да слават во двете последни средби, најпрвин на гостувањето во Турција, а потоа и на домашниот натпревар со Грција.

Се вчитува...