Ракометарите ги добија противниците на Медитеранските игри

Ракометната репрезентација на Македонија ги дозна ривалите за Медитеранските игри кои ќе се одржат во градот Оран во Алжир. Македонија на игрите се најде во групата Б заедно со репрезентациите на Шпанија, Турција, Грција и Алжир.

Селекторот, Кирил Лазаров го скрати списокот на повикани ракометари на 22, а подготовките за настапот на Медитеранските игри стартуваат на 13. јуни. Натпреварите на Медитеранските игри ќе стартуваат на 26. јуни.

Се вчитува...