Ракометарите ги дознаваат ривалитe за ЕП: Не можеме со Хрватска, Србија, БиХ…

Ракометната репрезентација на Македонија денеска (17:45 ч.) ќе ги дозна ривалите за претстојниот европски шампионат што во јануари 2024 година ќе се одржи во Германија.

Нашите ракометари го освоија второто место во квалификациската група, што им овозможи да бидат дел од третиот шешир на денешната ждрепка, што би значело дека не можат за ривали да ги добијат Хрватска, Србија, БиХ, Полска и Чешка. Ќе бидат извлечени шест групи од по четири репрезентации. од кои само најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во следната фаза од шампионатот.

Групата А ќе се игра во Берлин, со исклучок на премиерниот меч што домаќинот Германија ќе го игра во Дизелдорф. Групата Б е предвидено да се игра во Манхајм, а Македонија нема да биде дел од неа бидејќи веќе е одлучено Хрватска да биде сместена токму во Б-групата.

Натпреварите од групата Ц ќе се играат во Минхен каде носител ќе биде Исланд, Норвешка ќе ги предводи селекциите во групата Д во Берлин, еврпоскиот првак Шведска ќе биде носител во групата Е во Манхајм, додека Данска ќе се сретне со своите ривали во Минхен, како дел од групата Ф.

ШЕШИР 1: Шведска, Шпанија, Данска, Франција, Норвешка, Исланд.

ШЕШИР 2: Германија, Холандија, Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија.

ШЕШИР 3: Хрватска, БиХ, Полска, Чешка, Србија, МАКЕДОНИЈА.

ШЕШИР 4: Швајцарија, Романија, Црна Гора, Грција, Грузија, Фарски Острови.

Се вчитува...