Ракометарите го имаа првиот собир пред Чешка – Бундеслигашите и Митревски стигаат во понеделник

Македонската ракометна репрезентација го имаше првиот собир пред бараж двомечот против репрезентацијата на Чешка за пласман на Светското првенство кое во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.

Селекторот Лазаров ги немаше сите ракометари од списокот вечерва на располагање. Се работи за бундеслигашите Миркуловски, Кузмановски и Пешевски, како и голманот Никола Митревски од Порто кои имаат обврски кон своите клубови викендов.

Македонија денешниот и утрешниот тренинг ќе ги одработи во салата во Автокоманда, а од понеделник ракометарите се селат во „Борис Трајковски“.

Првиот дуел со Чешка нашите репрезентативци го играат во среда во Злин, додека реваншот е закажан за 17. април во Скопје.

Се вчитува...