Ракометарите го кренаа гласот: Не си играјте со играчите

Врвните европски ракометари го кренаа гласот поради зголемениот број на натпревари секоја наредна година, јавно барајќи регулирање на календарот на ЕХФ и на ИХФ. Иницијативата поддржана од најголемите светски ѕвезди Никола Карабатиќ и Микел Хансен, следи по бурните реакциии на ракометари ширум Европа, за зачестените тешки повреди пред и за време на последниот Мундијал што се одржа во Германија и во Данска.

Под слоганот „Не си играјте со играчите“ – тие најавија дека во блиска иднина ќе достават и конкретни предлози до светската и европската куќа на ракомметот.

  • Повеќе денови за одмор за време на големите натпреварувања и олимписите квалификации (три средби за три дена)
  • Фајналфор турнирите од Лигата на шампионите, и за мажи и за жени, да се одржуваат во три наместо во два дена.
  • Вклучување на ракометарите во носењето на одлуки на ниво на ИХФ, да се чуе нашиот глас околу донесувањето на нови правила во ракометната игра. Играчите имаат свое место во професионалниот Борд на ЕХФ, за што сме многу благодарни.
  • Средба со претседателите на ЕХФ и на ИХФ за да се дискутира за преопотовареноста на врвните играчи.

Погледнете ја и видео-пораката што врвните светски ракометари ја испратија до одговорните лица за овој спорт…

Се вчитува...