Ракометарите го прославија Божик во Љубљана (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација денеска има Божиќен слободен ден. Репрезентативците празникот го минаа посетувајќи ја црквата Свети Климент Охридски во Љубљана каде беа поздравени од бројни Македонци кои живеат во Словенија. Во духот на празникот, најдобрите македонски ракометари имаа и Божиќен ручек.

Националниот тим во Словенија ги има завршните подготвки пред настапот на Европското првенство на кое ќе се бори во групната фаза во Виена против селекциите на Украина, Чешка и на домаќинот Австрија. Воведниот натпревар е в петок против Украинците.

 

 

Се вчитува...