Ракометарите на тестови со Израел од затворен тип, пред ЕП 2022 со уште три ковид-тестирања

Во очекување на претстојното Европско Првенство 2022 во Унгарија и во Словачка, македонската ракометна репрезентација со вчерашниот собир во хотелот Александар Палас го започна вториот дел од подготовките.

Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а во истиот период (3. и 4. јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел кои ќе бидат од затворен тип.

Согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид – 19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни.

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4., 7. и 10. јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11. јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13.јануари во 18 часот.

Се вчитува...