Машката ракометна репрезентација на Македонија извлече реми (26-26) со Италија во вториот пријателски натпревар на мини – турнејата во Ешкишехир, за време на ЕХФ неделата. Со два гола во финишот, селекцијата на Данило Брестовац го избегна поразот. Мартин Поповски постигна осум гола, беше најефикасен на натпреварот, а и стрелец на израмнувачкиот погодок од седмерец.
Италија поведе со 4-1 на стартот, но комбинираната репрезентација на Македонија успеа да израмни на 6-6 и на полувреме замина без негатива (12-12). Во вториот дел, повторно имаше многу осцилации во играта, нашиот состав губеше и со пет гола разлика (16-21) во 42.минута, но успеа да се консолидира и да стигне до нерешен исход.
За нашиот национален тим сега следат два нови натпревари во Скопје, а противник ќе биде Грузија. Составот на Брестовац за овие мечеви ќе биде засилен со интернационалците Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА