Ракометарите летнаа за Букурешт: Опуштање ни под разно, одиме на триумф и во Романија (ФОТО)

Македонските ракометари немаат ниту малку време за одмор, па по одличното синоќешно издание и триумфот над Романија од осум гола разлика, утрово полетаа за Букурешт, каде утре со почеток во 17 часот ќе го играат реваншот од баражот за СП 2023.

Позитивата е огромна, но на никого во македонскиот табор не му паѓа на ум дека истата ќе треба тактички да се чува за пласман во следната фаза од квалификациите.

Напротив, желба на сите во националниот тим е со нов триумф, овојпат среде Букурешт, за потврда на квалитетот и уште поголемо кревање на самодовербата пред клучните пресметки со Чешка, закажани за средината на месец април.

Се вчитува...