Ракометарите на Барселона се неприкосновени владетели со Лигата на шампионите. Со победата од 37-34 над Фуксе Берлин во финалето во Лигата на шампионите во Келн, се закитија со 13-тата титула во најелитното европско натпреварување.
Шпанскиот тим уште по првиот дел имаше предност од четири гола (20-16), а потоа само ја доврши работата, и покрај тоа што на стартот на вториот дел Германците намалија и стигнаа до два гола разлика. Но, потоа следуваа минути на Барса, па предност од шест гола (26-20). Во финишот на неколку пати беше два разлика, но Шпанците на крајот најдоа решение и дојдоа до конечен триумф.
Гаридо Васкез постигна неверојатни 12 голови, а Пунтас и Рејес постигна седум кај Барселона. Иванчик со седум беше најефикасен кај поразениот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
