Ракометарите на пат за Србија: Четири меча за докажување пред конечниот список

Македонската ракометна репрезентација попладнево тргна на пат за Стара Пазова, Србија, каде утре и задутре ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Кувајт.

Селекторот Данило Брестовац избра комбиниран состав, па помладите ракометари ќе добијат шанса да импресионираат и да се изборат за место на финалниот список за ЕП 2020 во Австрија. По двете средби со Кувајт, македонскиот национален тим ќе отпатува за Букурешт, каде ќе настапи на „Трофеј Карпати“.

Враќањето на ракометарите назад во Скопје се очекува на 30 јуни, по што селекторот Данило Брестовац ќе го објави и списокот на играчи на кои ќе смета за втората фаза од подготовките, што ќе стартува од 2 јануари во Словенија, а во која ќе учествуваат и Лазаров, Манасков, Стоилов, Ристовски…

Се вчитува...