Ракометарите на плажа со два порази го стартуваа турнирот во Плоцк

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа денес ги одигра првите два натпревари на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска.

Во првиот натпревар, нашите репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2-0, по сетови 22-16 и 20-8. Во вториот натпревар од денешната програма, македонската репрезентација се соочи со селекцијата на Германија, каде повторно беше поразена со 2-0 во сетови.

Репрезентацијата утре ќе го одигра својот последен натпревар на турнирот против домаќинот Полска.

Се вчитува...