Ракометарите најлесно го пренесуваат вирусот, ракометот последен ќе се врати на терените

Ракометот, од колективните спортови, се чини, заедно со ватерполото, ќе се вратат последни на спортските арени по крајот на пандемијата од коронавирусот. Препораките од СЗО се спортовите кои имаат најголем директен контакт да не се активираат така брзо. А, ракометот е еден од нив.

Токму поради тоа и ЕХФ се одлучи Ф4 завршницата од Лигата на шампионите во Келн да ја одложи за декември, а поголемиот дел од националните првенства веќе означија крај на сезоните.

„Најпрво откако ќе се овозможат услови за први заеднички тренинзи ќе треба ракометарите да минат низ 30 дена тренинг пред да почнат натпреварите. Ракометот е контакт-спорт, играчите се во 90% од натпреварот во директен контакт и според сите параметри најлесно, на тој начин, го пренесуваат вирусот. Можеби некои индивидуални спортови кај кои нема контакт ќе добијат зелено светло за брзо активирање, но ракометот последен ќе добие дозвола за натпревари“ – вели генералниот менаџер на ППД Загреб, Божидар Јовиќ.

Хрватска се одлучи да ја прекине сезоната без прогласување шампион, согласно и препораките од ЕХФ, како и поголемиот број европски земји.

Се вчитува...