Ракометарите од сала во авион, со чартер лет по полноќ се враќаат во Македонија

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари вечерва во 20.30 часот излегуваат на мегдан со Данска во третото и последно коло од нивниот настап на ЕП 2022, а само неколку часа подоцна „црвено-жолтите“ ќе ги напуштат Дебрецин и Унгарија.

Македонската експедиција ќе се врати назад во Скопје со чартер-лет, кој е закажан за 1 часот наутро, па селекторот Лазаров и неговите избраници од салата „Феникс арена“ веднаш ќе се упатат кон аеродромот во Дебрецин.

Се вчитува...