Ракометарите одлучија: „Вардарката“ Катарина е фан број 1 во СЕХА… (ВИДЕО)

Навивачка на Вардар, Катарина Јордановска со своја фотографија е избрана за најдобар ракометен фан на натпреварите од СЕХА лигата за сезоната 2018/2019.

Во изборот кој го направија ракометарите на клубовите партиципиенти во СЕХА лигата, нашата Катарина освои убедливо најмногу гласови освојувајќи ги најголемите симпатии, во конкуренција на навивачи од Хрватска, Белорусија…

Катарина си заработи два „ол-инклузив“ билети за Фајнлфор турнирот на СЕХА следната година како и комплетна спортска опрема и дрес на својот омилен РК Вардар потпишан од сите ракометари.

Се вчитува...