Ракометарите ова не го заслужуваат: Теренот на „Борис Трајковски“ е „хаварисан“ од концертот на Ацо Пејовиќ (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија се соочува со големи проблеми на само два дена пред првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска кој ќе го игра во Злин против Чешка.

Нашите ракометари подготовките ги почнаа во саботата кога поради концертот на Ацо Пејовиќ во СЦ „Борис Трајковски“ тренингот го одржаа во Автокоманда. Тие од вчера се во најголемата спортска сала во Македонија, а токму од вчера до денеска воопшто не се подобрени условите.

Очигледни се остатоците од измет од птици, преку делови до пластични чаши до камења и отпушоци кои останале од саботниот концерт на српската ѕвезда.

 

 

Се вчитува...