Ракометарите пречекани во Црна Гора како европски шампиони

Машката ракометна репрезентација допатува во Црна Гора по настапот на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка. Популарните лавови слетаа на тиватскиот аеродром каде беа пречекани како европски шампиони од фановите.

За потсетување Црна Гора го забележа најдобриот настап во историјата на континенталните собири освојувајќи го 11. место. Избраниците на Рогановиќ остварија три победи на шампионатот против Македонија, Словенија и Хрватска.

Се вчитува...