Ракометарите пристигнаа во Албервил: Без Манасков против Норвежаните

arbervil baner

Македонските ракометари пристигнаа во Албервил во очекување на утрешниот осминафинален натпревар против Норвешка на Светското првенство во Франција.

Во крајно позитивна атмосфера, и по вчерашното реми со Исланд, избраниците на Лино Червар го очекуваат дуелот со Норвежаните, иако и лоши вести стигнуваат веднаш по преселбата на националниот тим на југот од Франција.

Ако повредата на Филип Миркуловски не е од потежок карактер, па средниот бек ќе може да игра на утрешниот натпревар, негативни вести доаѓаат кога е во прашање повредата на Манасков. Според последните информации Манасков има скинат мискул, па најверојатно го очекува подолга пауза.

Светското првенство во Франција заврши за Дејан Манасков, а го очекува пауза од околу два месеци пред да се врати повторно на паркетот.

Се вчитува...