Ракометарите против „изумот“ на ЕХФ: Ова мора да е првоаприлска шега

ЕХФ во текот на вчерашниот ден го соопшти својот предлог-календар за натпреварување до крајот на сезонава, во ситуација кога е јасно дека е невозможно да се игра ракомет ширум Европа во следните еден до два месеци. Европската куќа на ракометот предложи натпреварувањето во Лигата на шампионите да тргне од почетокот на јуни, баражите за СП да се одржат во јули, а завршницата од ЛШ во Келн да се презакаже за крајот на август.

Не требаше да мине многу време за ракометарите да го кренат гласот против овој предлог.

Значи ова не е нормално, да помогнам мојот тим да се квалификува на фајналфор, а потоа турнирот од Келн да го гледам дома“, прокоментира Драган Гајич, кој летово ќе го напушти Веспрем и веќе има потпишано договор со француски Лимож, кој ќе стапи на сила од 1 јули 3030 година.

„Зарем некој се шегува? Ова мора да е првоаприлска шега“, додаде Вид Кавтичник.

На темата се надоврзаа и дел од данските ракометни репрезентативци…

„Ова е едноставно глупаво, на толку многу начини глупаво“, порача Расмус Лауге.

Тешко е да се види што сакале да постигнат, но се гледа дека не размислиле доволно кога ја донеле одлуката“, се надоврза Микел Хансен.

Се вчитува...